Новинарка нападната во пренос во живо во Моленбек (Видео)


Џована Панчери и камерманот на италијанската телевизија “Sky TG24” биле нападнати додека во живо известувале од озлогласената бриселска населба.Screenshot_19

Новинарската екипа ја нападнал помлад маж. Од видеото јасно се гледа дека момчето ја удира камерата, која цело време снимала.

Непознатото момче потоа нешто им зборувало на репортерката и камерманот кои се обидувале да продолжат со преносот. Но, момчето не сакало да си замине и продолжило да им попречува во работата.

Тензиите во главниот град на Белгија и десетина дена по терористичкиот напад се прилично големи. Моленбек е населба која посебно е позната како расадник на бројни исламисти, а таму пет месеци се криел и Салах Абдеслам, еден од париските напаѓачи. Токму во Моленбек и бил фатен кон средината на март.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1