На лотарија добил 15 милиони, а го тужи соседот за 900 фунти


Тоа е капитализам, секоја фунта е вредна. Дури и кога сте милионер – тоа го докажува случајот на поранешниот возач на камион Том Нејлор, добитник на лотарија кој го тужел соседот затоа што му „украл еден метар од дворот”.

58-годишниот Нејлор кој во 2001-ва година на лотарија добил 15.5 милиони фунти (околу 20 милиони евра) го однел својот сосед на суд затоа што наводно му украл дел од дворот, поместувајќи ја оградата за еден метар, пренесува „Mail Online”01_1222mail-1

Нејлор бара нова ограда на вистинското место – трошок од 900 фунти (1.156 евра) – плус поправка на одводниот систем, надоместок за неовластен премин и правните трошоци. Поранешниот камионџија, откако му се насмевнала среќата, се преселил во луксузна куќа од 480.000 фунти (616.000 евра) на земјиште од 80 ари во селото Витон Астон во Стафордшир, Англија.02_media322-1

Соседот Рахман тврди дека Нејлор нелегално ја поставил оградата во 2012-та година, а дека земјата не му припаѓа на Нејлор тврди и соседот Крис Ролинс, додека Енди Смит, сопственикот на моторната компанија Вестон, вели дека на Нејлор сигурно „не му е дојдено“ до земјиштето, туку „овие денови му е здодевно, па се тужи по судови“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1