На одмор со Автомобил – Поправката, ако ви се расипе, ќе ве чини поскапо и од летувањето


Шлепување и поправката на автомобилот во странство може да ве чини исто толку колку и целиот одмор со семејството. За да се намали непотребниот трошок експертите препорачуваат осигурување, или членство во некоја од организациите за асистенции на патиштата.


Патувањето на море, во странство, со автомобил, понекогаш може да ве чини повеќе отколку самиот одмор. Доколку дојде до посериозен проблем со автомобилот, а претходно не го осигурате, или не станете член на некоја организација која е задолжена за асистенции на патиштата, шлепувањето и поправката ќе ве чинат исто толку колку што ќе платите за целиот одмор.

Во ваква ситуација се нашол Горану Бораку, чиј автомобил му се расипал пред самата граница на Македонија. Да знаел колку чини шлепање на автомобилот, би уплатил членарина во некој авто-клуб која чини се на се од 20 до 30 евра.
„Платив шлепање и превоз на моето семејство околу 600 евра“, вели Борак.
Оваа сезона на поедини делници, кон Грција и кон Црна Гора, повторно проработела таканаречената друмска мафија.
Експертите предупредуваат дека постојат места кои што ги поливаат со нафта или пак масло, по што неизбежни се сообраќајните незгоди. Веднаш потоа на истото место се појавуваат сервисни служби и понудуваат помош, но не треба да им се верува.
Ако ви се случи некоја незгода во странска држава, колку и да сте изнервирани, обрнете внимание на ситни детали, бидејќи тоа е единствениот начин да се уверите во фер обештетувањето на штетата.
Пожелно е да се фотографира местото каде што се случила незгодата, затоа што во одредени држави тоа не се прави. Потребно е и внимателно да ја прочитата документацијата, ако е потребно дури и со преведувач.

Во осигурителните друштва тврдат дека со полисата на патните и здраствените осигурувања, се обезбедува адекватна медицинска помош која, кога ќе се собере се на се се добива сума од неколку десетина илјади евра.
Осигурувањето покрива се од хоспитализација, трошкови на лековите операција и враќањето во домот.
Досегашното искуство покажало дека туристите во просек користат автомобили постари од седум години, кои поминале повеќе од 150,000 километри и кај кои не се знае кој дел би можел да откаже. Затоа е подобро однапред да се осигурате велат експертите.

Tags: , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1