Тројца млади Австралијанци силувале 18-годишна Норвежанка во Хрватска.
Норвежанката била на одмор во Сплит, па одлучила вечерта да се забавува во дискотека. Несреќната девојка била пресретната во клубот од тројца млади Австралијанци кои, како што таа тврди, а пренесуваат хрватските медиуми, ја силувале.
Во еден момент девојката успеала да им избега на Австралијанците, па се вратила во клубот со полицијаци.
Австралијанците веќе биле заминати, но подоцна се уапсени од хрватската полиција.
Норвежанката била прегледана на болница каде наводно не се пронајдени повреди кои упатуваат на сексуално насилство.