На повидок нова држава во Европа – Каталонските сепаратисти освојуваат апсолутно мнозинство


Сепаратистичките партии на покраинските избори во Каталонија освоиле апсолутно мнозинство во каталонскиот парламент, покажуваат излезните анкети и прелиминарните резултати по пребројувањето на повеќе од половината од гласовите на изборите коишто ги одбележа рекордно висока излезност на избирачите.

Според излезната анкета којашто ја нарача каталонската телевизија TV3, двете сепаратистички партии во коалицијата „Junts pei Si” (Заедно за Да), и помалата левичарска партија CUP би требало да добијат меѓу 74 и 79 места од 135 мандати, односно 49,8 отсто од гласовите.katalonija3

Според анкетата на институтот GAD3 за радиото Cope, сецесионистите би требало да освојат меѓу 71 и 76 места, односно 49,78 отсто од гласовите. Оваа анкета е направена во периодот меѓу 14-ти и 25-ти септември, а беше објавена по 20 часот, по затворањето на избирачките места.

Ваквите предвидувања ги потврдуваат и прелиминарните резултати по пребројувањето на 56,37 отсто од избирачкиот материјал, според кои партиите коишто се залагаат за независноста добиваат 48,35 отсто од гласовите, односно 72 мандати.

Коалицијата во којашто влегуваат Демократската конвергенција на Каталонија (Convergencia Democratica de Catalunya CDC), на каталонскиот премиер Артур Мас и Левите републиканци на Каталонија (Esquerrа Republicanа – ERC), заедно со неколку помали движења, освојуваат 40 отсто од гласовите или најмалку 60 пратенички мандати. Втората партија којашто се залага за независноста на североисточната шпанска покраина Кандидатурата на народното единство (La Candidatura d’Unitat Popular – CUP) добива 10 пратенички места.atalonija nezavisnost

За апсолутно мнозинство во парламентот на Каталонија, неопходни се 68 пратеници.

Меѓу партиите коишто го поддржуваат територијалниот интегритет на Шпанија, води партијата Граѓани со 25 мандати, Социјалистичката партија на Каталонија има 17 мандати. Владејачката во Шпанија, конзервативната Народна партија на премиерот Маријано Рахој освојува според прелиминарните резултати 11 мандати.

Коалицијата Catalunya Si que es Pot (Каталонија, да, можно е), во којашто влегува и радикалната левица Podemos, која се залага за спроведување референдум за прашањето за независноста, може да очекува 10 места во парламентот.

На изборите во неделата е поставен рекорден одѕив во историјата на изборите во Каталонија, и според прелиминарните податоци на нив учествувале 77 отсто од електоратот,

Во неделата навечер повеќе стотици поддржувачи на независноста на Каталонија од Шпанија се собраа пред културниот центар Ел Бопрн, прославувајќи ја победата на нивната опција.

Последните години каталонската влада постојано го истакнува прашањето за спроведување референдум за независноста, носеше закони со цел да се создаде „државност“, особено во сферата на надворешната политика. Откако овие инсистирања беа одбиени од централната влада во Мадрид и Уставниот суд на Шпанија, кој не дозволува да се одржи референдум само на територија на автономната единица, туку во целата држава прогласувајќи го каталонскиот референдум за неуставен, властите во Барселона организираа неформален плебисцит на кој 80 отсто од излезените избирачи се изјаснија за независност. Но на него излегоа само третина од вкупниот електорат на Каталонија.katalonija2

Оттаму, каталонските власти прибегнаа кон нова стратегија. Па така, доколку шпанските власти не им дозволуваат организирање валиден референдум, тие независноста ќе ја прогласат во покраинскиот парламент.

Мас изборите в недела ги нарече „референдум“,велејќи дека жителите на Каталонија треба да гласаат врз база на позициите на партиите во однос на независноста. Неговата цел е да оствари апсолутно мнозинство во законодавниот дом на покраината и да го „започне процесот на стекнувањето независност“.

Од друга страна шпанската конзервативна влада на премиерот Маријано Рахој соопшти дека не може да стане збор за никакви „плебисцитарни избори во Каталонија, туку станува збор за обични покраински избори, како и дека нема проблеми кои одат во прилог на идејата за независност. Како своевидна „компензација“, Рахој најави можност во Шпанија следната година да се направат уставни реформи, со што во уставот на земјата ќе бидат јасно дефинирани надлежностите на шпанските автономни покраини.

Еве зошто богатата Каталонија сака да се отцепи од Шпанија

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1