На сајт за запознавање се преправив како жена – Бев шокиран од пораки кои ми пристигнуваа!


Британецот, Томас Сај има 36 години и подолго време нема девојка. Тој е подготвен да направи буквално се за да ја најде својата сродна душа, па дури посетил и сајт за запознавање.saj-tomas-simona-620x350-45323
Но, ниту таму немал среќа, бидејќи никако не успевал дамите кои му се допаѓале да ги убеди да искочат на љубовен состанок. Затоа се одлучил да се обиде да го сфати понежниот пол од женска перспектива.
– Јас сум човек, фрустриран од неуспешните обиди да најдам девојка. ме интересираше како ќе поминам ако бев жена. Можеби ќе научам некои техники од момците кои ќе ми пишат, – изјавил Томас во видео посветено на овој социјален експеримент.saj-tomas-simona1
Со малку шминка, овој комичар облекол женска облека, ставил перика, а потоа направил неколку фотографии за албумот на својот профил.
За само три дена СИМОНА добила преку 400 пораки од различни додворувачи.
Во првиот момент, Томас бил воодушевен, бидејќи успеал да привлече толку внимание. Но, кога почнал да ги чита, останал во шок! Сфатил дека привлекол толпа погрешни момчиеа кои му испраќале чудни и одвратни пораки. Сепак, не било се така црно, имало и фини и пристојни момци кои му давале убави коментари.
– Изгледа дека сум многу популарен како жена. Но, што научив од ова искуство?.. Никогаш не би кажал вакви работи на никого, ниту во најлошото пијанство, – заклучил Томас.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1