Ако ги прашате тамошните Албанци, тие ќе ви речат дека селото Велики Трновац е главниот град на општина Бујановац. Сите оние за кои може да се каже дека се власт во оваа општина се родени во Велики Трновац. Неодамна медиумите објавија дека Велики Трновац е најголемото село во Србија, но и покрај тоа Србите овде не се пожелни. Дури ни полицијата не се осмелува да влезе во Трновац. Па според ова и не се знае колку жители брои Велики Трновац.
-Пола Трновац е Швајцарско, Германско, Белгиско. Овде не има околу 10 илјади во 2000 домаќинства, велат жителите за Блиц.
Според Блиц, Албанците го бојкотирале последниот попис. Во 2002 година селото броело околу 6.762 жители, вклучувајќи ги и тие кои работат во странство. Луѓето кои живеат во Трновац најчесто избегнуваат средби и разговори со Срби.
-Да се возите со автомобил со белградски регистарски таблички вооптшо не е препорачливо, советува Драган Стаменовиќ, потпарол на полициската станица во Врање.
Во селото на прсти се бројат оние кои имаат два хектара обработливо земјиште. Сепак Трновчани живеат многу подобро од другите Албанци. Но, од што? Одговорот е: од се и сешто, но главно од трговија.
-Не има насекаде. Патуваме многу. Селото има директни автобуски линии со Швајцарија, Германија и Приштина, открива таксистот Имер за Блиц.
Во селото има неколку стотици работни места во неколкуте тамошни компании, како и во угостителските објекти, но има и такви кои работат и во Бујановац. Во селото нема инспектори кои би го разбиле криминалот со дрога, оружје.
Ниту пак има такви кои би ги уапсиле педофилите и криминалците. Но во последниве години, ова не е некоја новост, со оглед на тоа дека сите патишта на шверц со дрога завршуваат во Велики Трновац. Од Пакистан, преку Турција па се до овде.
Селото е и на картата на Интерпол, и тоа како најголем светски центар на наркотици. Некои велат дека во секој момент има по тон и пол марихуана, хероин и кокаин.
-Имаме пет компании, училиште за 1000 ученици, здравствен дом, пошта, десет продавници, фудбалски клуб, три џамии и околу 1700 домашни линии, изјавил претседател на месната заедница Агим Халити.
Во ова чисто албанско село има и црква, во која Србите доаѓаат еднаш годишно и тоа на 3 јуни кога се молат за потомците кои некогаш живееле таму.