На точак низ Скопје за само 10 денари


Градот Скопје во соработка со јавното претпријатие Градски паркинг и невладината организација Еко свест пред четири години го започнаа проектот „Изнајми велосипед“. Проектот е воведен со примарна цел велосипедот да се користи како превозно средство, особено во централното градско подрачје. Исто така, целта на проектот е велосипедите да се употребуваат за рекреативни и туристички потреби како и за подигање на јавната свест за промена на навиките на граѓаните за употреба на алтернативни средства за јавен транспорт , а со тоа се придонесува и до заштита на животната средина, пренесува СкопјеИнфо.

iznajmivelosipedПроектот „Изнајми велосипед“ е во функција 6-7 месеци од годината. Проектот се става во повторна употреба во оној миг кога тоа ќе го дозволат временските услови, на пролет, а завршува на 31. Октомври секоја година. За почетокот и крајот на сезоната на изнајмување велосипеди, Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје, преку сите печатени и електронски медиуми навремено ги известува граѓаните.

Велосипед може да се изнајми на четири пункта во Скопје. Четрите пункта се наоѓаат на разни локации и тоа кај Градска болница и кај „Треска“, во Аеродром кај ТЦ „Бисер“, а за прв пат пункт на велосипеди за изнајмување ќе има и кај паркингот пред Градската болница „8 Септември“.

Според информациите од градското јавно претпријатие цената на изнајмување градски велосипед е само 10 денари од час, додека велосипед со две седиште ќе ве чини 30 денари за еден час. Месечното членство е 1500 денари.

Интересен сегмент кај овој проект е можноста, велосипедот кој е изнајмен од една постојка, да биде вратен на друга. На пример, доколку корисникот изнајми велосипед од станицата во Аеродром истиот може да го врати на на јавното паркиралиште Треска или пак на постојката на јавното паркиралиште Треска.

Граѓаните ќе можат да изнајмат велосипед и да уживаат во возењето и дружбата со најблиските секој ден од 7 до 22 часот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1