На Клиниката за токсикологија, д-р Нестор Поповски информираше дека за новогодишната ноќ биле примени 32 пациенти, од кои 16 пациенти биле во алкохолизирана состојба.
Поголемиот дел од алкохолизираните лица биле девојчиња на возраст од 14 до 21 година.
Сите лица се пуштени на домашно лекување.
Двајца од пациентите се примени поради труење со СО2, коешто настанало при греење.