На Твитер ќе може да се објавува и видео


Новиот сервис „Вајн“ им овозможува на корисниците на „Твитер“ да објавуваат видеоклипови што траат само шест секунди.

twitter-logoАпликацијата засега е достапна само на корисниците на „ајфон“ и на „ајпод тач“ и не е познато кога ќе биде достапна на другите платформи.

Потпретседателот за производство на „Твитер“, Мајкл Сипли, појасни дека „Вајн“ создава линк за видео, кој потоа се вметнува во твит, слично како што се објавуваат линкови на фотографии или веб-страници.

Од „Твитер“ веруваат дека кратките видеа ќе ги поттикнат нивните корисници на креативност и со тоа самите ќе си овозможат увид во нивниот живот и во идеите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1