На водителката која даде отказ во програма ѝ се закануваат 54 години затвор ВИДЕО


Водителката-репортерка Карло Грин стана хит на интернет во 2014 година кога среде пренос во живо на ТВ-станицата КТВА зборувајќи за легализацијата на марихуана на Аљаска опцу и даде отказ. Таа со пцовка, на гледачите им соопшти, а воедно и на своите надредени, дека сака да се посвети на борбата за легализација на марихуана.voditelka1

Сега водителката се соочува со можна казна затвор од 54 години, но поради други причини! Имено, обвиненијата се однесуваат на клубот „Аљаска канабис“ кој таа го основала само шест месеци пред инцидентот на телевизија.

По серии тајни операции и рации во клубот, Карло Грин добила 14 обвиненија за поседување илегални супстанции за кои се предвидуваат казна затвор од 54 години!

Таа на судот се изјаснила дека не е виновна за делата за коишто ја товарат, и рекла дека не се грижи премногу.

– Дури не се обидувам ниту да најдам смисла во тоа. Како што гледате борбата за легализирање може да ме чини остатокот од мојот живот – рекла за „Гардијан“ 28-годишната Карло.

Инаку, интересно е тоа што на Аљаска легално е да се чува и одгледува марихуана во својот дом, но само доколку не се врши јавно влијание надвор од домот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1