Двајца разбојници украле над милион денари промет од вработен во една од продавниците во трговскиот центар „Скопје сити мол“, кој се движел кон банка за да ги уплати парите.Според информациите на МВР, вчера околу 09.40 часот, при излегување од Трговскиот центар „Сити Мол“ во Скопје, С.Ѓ. (19), вработен во „Sport Vision“, се упатил кон „Комерцијална Банка“ да изврши уплата на прометот.
„Притоа, тој бил пресретнат од две непознати лица, кои со удар по стомакот и главата му одзеле кеса во која имало 1.049.100 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот“, велат од МВР.