Над 500 деца во Гази Баба со симптоми на сколиоза


skolo decaKај 547 деца во училиштата во Гази Баба се присутни сите или некои од симптомите на сколиозата, а над 1.000 испитаници одговориле дека познаваат некој што страда од сколиоза. Ова го покажале резултатите од спроведеното анкетирање на родителите за свесноста, застапеноста и знаењето за сколиозата кај децата на возраст од 7 до 14 години, кои вчера ги објави Општина Гази Баба.

Резултатите покажале дека причините за ваквата состојба се, пред с`, нередовните или ретките ортопедски прегледи, како и нередовната физичка активност на децата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1