Среде февруари змии касаат во Радовишко – се поремети времето


zmijaСилен град во неделата од 14 до 15 часот го зафати Радовишко. Радовиш побелел, а на повеќе места, како што велат радовишани, имало слоеви од град подебели и од 20 сантиметри. За среќа, зрната не биле големи, па до вчера претпладне немало пријавено претрпени штети.

Радовишани истакнуваат дека не паметат некогаш да имало град во февруари, речиси среде зима. Топлото време преку целата зима предизвикаа и други необични случувања за овој период од годината. Така, пред десетина дена во Радовишко дете било каснато од змија, кое, за среќа, по интервенцијата во штипската клиничка болница завршило без последици.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1