НАЈБИЗАРНИТЕ НАУЧНИ ОТКРИТИЈА ВО 2012 – Замолчувач на досадни луѓе


Психолозите што откриле дека со поместувањето на Ајфеловата кула на лево изгледа помала, научникот кој пронашол мозочна активност кај мртвиот лосос и изумителот на справата за замолчување на досадни луѓе, се добитниците на Нобелова награда, доделени за најбизарно и најзабавно научно откритие.

Во прашање е забавната верзија на Нобелови награди што ќе бидат објавени на почетокот на следниот месец. Претходните победници им ги предадоа наградите на овогодинешните лауреати вчера на церемонијата на Харвард во Масачусетс, а меѓу наградените се научници кој се обидувале да откријат, зошто носењето на врела шолја кафе обично истекуваат, математичари кои се занимавале со облици на коњски опашки…

Сепак, еве изуми што  освоиле најмногу внимание.

Шимпанзата се познаваат по задникот

Нобелова награда за 2012 год. отишла во рацете на американски научници кои откриле дека шимпанзо може да препознае друго шимпанзо гледајќи го на фотографија, само по задникот.

Бакар и врел туш, ја фарбаат косата во зелено

Шведските истражувачи ја решиле енигмата, зошто луѓето што живеат во некои куќи во шведскиот град Андерслов, косата станува зелена. Кривец била комбинацијата од бакарни цевки и врел туш.

Замолчувач

Јапонските научници, Казутака Курихара и Који Цукада, го создале “SpeechJammer” (Пригушувач на говорот), справа што го прекинува говорот на луѓето. Ако сакате да знаете како работи, прочитајте овде.

-Тоа е мала работа со која можете да му помогнете некому што ги дави луѓето околу себе. Она што личноста го слуша е сосема доволно да го прекине и потполно да го збуни, така што ќе престане да зборува. Справата има илјада потенцијални купувачи – објасниле тие.

Кривината е важна

Тим од холандски психолози направил студија – „Со поместувањето на Ајфеловата кула на лево, изгледа помала“. Идејата била да се истражи како држењето на телото влијае врз проценката на величината – поместувањето на левата страна е поврзано со намалување на објектите, а поместувањето на десно со зголемување на објектите. Својата теорија ја тестирале на 33 студенти, кои застанале на накривената плола пред Ајфеловата кула.

И мртвите лососи размислуваат

Една од најбизарните студии која освоила Нобелова награда оваа година, е онаа што ја испитувала мозочната активност на мртвиот лосос. Почнало како шега, објаснил Крег Бенет од Калигорнискиот универзитет, кој почнал да ги проучува промените во мозокот кај тинејџери, користејќи магнетна резонанца (МR) за обележување на мозочните активности. Пред да започне со тестирање на луѓе, ја испробал опремата на различни објекти, вклучувајќи и тиква, пиле, и на крај, мртов лосос кај кој софистицираната опрема покажала мозочна активност.

-Случајно ги забележавме малите податоци за мозочната активност на мртва риба. Тоа беа лажно позитивни резултати, и нормално, затоа што ги немаше – рекол Бенет. Сепак, со свое „откритие“ укажал на опасноста од истражување и дијагностика на магнетната резонанца(MR).

Tags: , , ,

Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1