Иранка претепала свештеник, оти побарал да го покрие лицето


Млада Иранка претепала муслимански свештеник кој побарал од неа да го покрие лицето со марама.

Хоџатолеслам Али Бехешти, верски лидер во Шармирзада, град на северот на Иран, изјавил дека една девојка минатиот месец го претепала кога „љубезно ја посоветувал“ на пат кон џамијата, да го покрие лицето со хиџаб, затоа што нејзината облека не била во согласност со вредностите на општеството и исламот.

Бехешти рекол: „Не само што не го покри лицето, туку ми одговори дека јас треба да ги покријам очите, што за мене беше многу навредливо“.

-Повторно побарав од неа да се покрие и да не ме навредува повеќе, но таа почна да вика и да ми се заканува. Ме турна и паднав на грб. Не се сеќавам што се случи понатаму, само почувствував како ме удира, клоца и  навредува – кажал свештеникот.

Бехешти рекла дека после нападот поминал три дена во болница, и дека и понатаму, месец дена по инцидентот, не е способен самостојно да се храни и да извршува други лични работи.

Тој додава дека не поднел тужба против девојката, која во моментот на нападот била во друштво на уште една млада жена, но дека нема ништо против случајот да го испита локалното обвинителство. Западните медиуми наведуваат дека вакви инцинденти понекогаш се случуваат во поголемите градови, но дека се многу ретки во помалите средини.

Според иранскиот закон, усвоен по Исламската револуција во 1979 год., жените се обврзани да го покриваат лицето со хиџаб.

Tags: , , , ,

Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1