Најбогатиот човек на Кина: Ми кажаа дека тоа е најглупавата идеја, а таа ми донесе милијарди


Иако го сметаат за најбогат  човек во Кина неговиот пат не бил ниту малку лесен.

Џек Ма е  основачот на познатата страна за трговија на интернет. Неговиот сајт “Алибаба“ секојдневно го посетуваат 100 милиони корисници ширум светот.Screenshot_61

Богатството со кое располага се проценува на повеќе од 20 милијарди долари, што според Форбс го прави најбогат човек во Кина, додека помеѓу најбогатите во светото е на 18-то место.

Сепак, неговиот пат до богатство бил мошне тежок. Тој три пати паѓал на примениот испит за колеџ, а дури 30 пати бил одбиен на работата за која се пријавил. Го одбиле дури и во полиција и во еден синџир  за брза храна.

Кога во 1998 година ја стартувал страницата“Алибаба“, во првите три години немал никаков профит. Ниту една банка не сакала да соработува со неговата компанија, па морал да започне нов начин на наплата, кој денес е познат под име “Алипеј“.

-Кога го покренав Алипеј, многумина ми кажаа дека е тоа мојата најглупава идеја што сум ја имал, кажал тој во едно неодамнешно интервју.

Денес Алипеј го користат 800 милиони луѓе.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1