По ужасната експлозија која се случила синоќа во Манчестер, очајната мајка преколнува за информации за нејзината ќерка Оливија Кампбел, која уште не се вратила по инцидентот на концертот на Аријана Гранде.
Нејзиниот телефон не ѕвони и никој не знае каде е девојчето. Во моментов полицијата ја регистрирала како исчезнато лице. Нејзините роднини цело време апелираат на социјалните мрежи, дека доколку некој знае нешто во врска со девојчето, да се јави кај семејството.