Најевтини градови според „Трип адвајзер“: Некои, на само еден директен лет од Скопје


Според новата листа на туристичкиот водич „Трип адвајзор“ Ханој е најевтиниот, додека Њујорк е најскапиот град за посета на туристи.

При составување на листите предвид се земени фактите за тоа колку пари ќе потрошат двајца туристи за сместување во хотел со 4 ѕвезди за три дена, посета на три атракции, пари за јадење и транспорт.viena-300x232

Според податоците на TripAdvisor, туристите во Ханој во просек трошат 674 долари. На второто место најевтини градови за туристи е Мумбај, со 767 долари, а на трето место Кејпатун со 791 долари.

Меѓу десетте најевтини места се наведуваат Куала Лумпур, Бангкок, Москва, островот Бали, Мадрид, Берлин и Виена.

На врвот на листата најскапи градови е Њујорк, за одмор во овој град потребни се скоро 2.500 долари по човек. На второ место е Токио со 2.000 долари, а на трето место Лондон со 1.900 долари.

Потоа на листата се и градови како Канкун, Париз, Сингапур, Хонг Конг, Сиднеј, Рим и Рио де Жанеиро.

Kurir.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1