Состојки: Шолја вода, половина шолја масло, шолја шеќер, 2 шолји брашно, 2 лажици џем по избор, 2 јаболка, прашок за печиво, 3-4 лажици какао прав, 50g темно чоколадо. Подготовка: Излупете ги јаболката и изрендајте ги. Сите состојки освен чоколадото добро измешајте ги, па додадете ги јаболката во смесата. Промешајте неколку минути, па потоа мешавината истурете ја во тава подмачката со масло и посипана со брашно Печете 40 минути на 180 степени. Жешкиот колач прелијте го со глазура од растопено чоколадо. По желба, послужете со сладок зачин или сезонско овошје. Попара.мк