Во видеото, објавено на 10 јули на Јутјуб, по освојувањето на Србија, исламистите планираат покорување на Хрватска, Црна Гора, БиХ, Албанија, Македонија и Косово, и со тоа исламската власт да ја прошират на целиот Балкански Полуостров. Видеото во меѓувреме е отстрането но еве кои беа изнесените закани во него
Целата видеопорака ја следи и касида – верска песна со која му се закануваат на Балканот.
Пораката за сите земји од Балканот од оваа песна гласи: „Радувајте се Балканци, ви идат подобри денови, ви доаѓаат муслимани, ние сме исламски хилафет“.
„Радувај се ти Србија, ќе бидеш дел од исламот иако не сакаш, ние сме исламски хилафет“, гласи првата строфа упатена до Србија.
„Радувај се, о Кроатија, ќе ти падне демократијата. Божји закон, правда за сите, ние сме исламски хилафет“, ѝ се обраќаат исламистите на Хрватска.
„Радувај се ти, Црна Горо, доаѓаме ние наскоро. Ќе бидеш наше ново место, ние сме исламски хилафет. Радувајте се Албанија, Косово, Македонија, ќе ви го вратиме шеријатот, ние сме исламски хилафет. Радувај се и ти Обама, победата ни припаѓа на нас, ние сме синови на исламот, ние сме исламски хилафет“, гласи заканувачката порака.