Само што му олесна на светот дека го избегна армагедонот на маите доаѓа нова информација. Археолозите изјавиле дека се направила грешка во сметањето и крајот на светот не бил вчера туку утре – недела, објави телевизијата РТ.
Ова било поради фактот што календарот на маите не бил целосно дешифриран и прилагоден на грегоријанскиот календар, тврдат тие.
Археологот од Мексико Carmen Rojas, која е од институтот за антропологија и историја го изјавила ова за Los Angeles Times.
Некои археолози пак велат дека сметањето е дури промашено за цела година.