Најопасното животно на светот – Годишно убива околу 725.000 луѓе


Истражувачите одлучиле да откријат кое животно всушност претставува најголема опасност за човечкиот живот. Иако многумина мислат дека тоа се ајкули, мечки, волци, змии или други ѕверови од нивните кошмари и ирационални стравови, сепак најсмртоносен е оној од кој тоа најмалку се очекува.zivotni

Имено, станува збор за – комарец. На годишно ниво, комарците убиваат околу 725.000 луѓе, предизвикувајќи маларија која подоцна доведува до ужасни последици.

Веднаш после комарците на листата на најбрутални убијци е – човекот, кој годишно убива околу 475.000 луѓе.

Можеби најмногу ќе ве зачуди податокот кој го изнеле научниците, а тоа е дека оние животни кои ги сметавме за најголеми ѕверови, всушност се „мирољубиви“ суштества со од прилика „само“ 10 жртви годишно, меѓу кои се ајкулата и волкот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1