Најпознатиот полигамист – Имам 97 жени многу сум жив, ќе се женам уште!


Најпознатиот нигериски полигамист Мохамед Бело Абубакар за нигерискиот весник „Vanguard“ изјави: Драги мои, многу сум жив и здрав!

Тој на овој начин одговори на гласините дека починал по куса болест.10-7133-83449

– Тоа се само гласини од оние на кои им е криво што направи Господ за мене и што сеуште прави – вели Абубакар.

Човекот кој има деведесеттина години, се женел повеќе од 100 пати а се развел само 10 пати. Денеска има 97 жени, и вели дека нема да престане да склопува нови бракови.

– Она што го правам е божествено. Тоа е задача и ќе продолжам д аја извршувам до крајот – вели тој.

Во 2008 година тој дојде во судир со властите кои повикувајќи се на Шеријатското право, кое дозволува 4 сопруги, бараа од него да се разведе од 82 сопруги и да остане со 4. Помина неколку недели во затвор.

Но тој одби да го стори тоа, а 57 од неговите сопруги сведочеа на суд дека доброволно стапиле во брак со него.

Поради тоа бил пуштен од затворот и продолжил со својот начин на живот з акој вели дека е „божја волја“.

– Да беше до мене ќе се оженев само два пати. Но она што го правам е божествено, и сакам да ги предупредам оние кои се против мене да престанат со тоа бидејќи на тој начин се против Бога, нивниот креатор – вели Абубакар.

И во 2012 се проширија гласини дека починал но тој демантираше на сличен начин, тврдејќи дека нема намера да престане да се жени…

Во бројните бракови, на Мохамед Бело Абубакар му се родиле 185 деца. Некои од нив веќе ги надживеал!

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1