Најстарата бабичка во Македонија открива рецепт за долг живот- кисело млеко со шеќер


Слаба, по малку збрчкана, но со поглед полн со живот. Вака изгледа најверојатно најстариот жител на Македонија, можеби и на Балканот, а и меѓу најстарите жители на цела планета, скопјанката Алида Мемеди, која за три месеци ќе го слави својот 112-ти роденден. Илинденското востание, Првата и Втората светска војна, скопскиот земјотрес, распадот на Југославија, формирањето на самостојна Македонија и уште колку не историски, а и приватни настани лежат на грбот на старицата, чиј живот се протега низ два века и не дава времето да ја прегази.

C161D3C29BECC845A82182F7CE8FA52CЈа најдовме во скопското село Сингелиќ, во куќата на своите синови, помеѓу многу внуци и правнуци. Она што разумот не може да го прими, го разувери изводот од книгата на родените и личната карта на баба Алида. Родена е на 4 мај 1902 година во скопското село Љуботен. Таа е и најстарата пензионерка во земјава, дури 33 години ја користи својата земјоделска пензија, која ја стекнала од 1981 година. Иако годините, настаните, трагичните случки и тешкиот живот натежнале над неа, ведриот дух и блажината на нејзиниот поглед ја прават многу помлада оваа старица полна со живот, која, како што самата вели, не планира да ~ се предаде на староста, пренесува Дневник.

Сакам да живеам, кој сака да умре

– Да беше порано вака како што живеете вие сега, ич немаше да остарам, ќе бев уште помлада – низ смеа ни вели баба Алида и додава „сакам да живеам, кој сака да умре“.

Таа продолжува да раскажува за спомените што надвиснале над неа, најмногу за тешкиот живот во минатото.

– Не сме имале ништо. С` сама сум работела, сум жнеела, копала по нивите. Kога ќе се сетам шест деца сите голи и боси, па на сите сама облека да им сошиеш. Порано многу работевме, беше многу тешко, сега е многу полесно, с` има да си купиш – вели таа.

Оди на лекар, нема посебни здравствени проблеми, освен притисок понекогаш, но склерозата, која се појавила пред две години, сака да ~ ги уништи сеќавањето и спомените собрани од повеќе од цел еден век. Не носи очила, а и заби не сака да стави, велејќи „Господ ми ги зел, сега јас ќе ставам“.

Тргнавме во потрагата по најстариот жител на Македонија со малку скептицизам и безброј прашалници, дали навистина е жива, дали е добра, дали може да зборува, дали ќе н` прими?! Но портите на оваа голема фамилија се широкоотворени, а топлината и големата љубов со која столбот – баба Алида сите ги поврзала и неизмерната грижа што таа ја добива од сите зрачат невидена хармонија во семејната куќа.

– Добра мајка е штом толку си ја чувам. Знам колку патела додека не пораснала, ние бевме многу мали кога останавме без татко. Kога ќе се сетам што с` не преживеа за сама да н` подигне – вели синот Иса.

Млада ги загубила сопругот и едниот син

Оваа прекрасна старица сама изгледала 6 деца, има 17 внуци и 19 правнуци. Сопругот починал уште додека биле многу млади, најстарото дете имало 12 години. Сеќавањето веќе не ја држи многу, па деталите од првите детски денови, младоста, за неа се веќе далечно минато. Убавите спомени ги избришал тешкиот живот потоа. А Втората светска војна, односно Германците ги избришале, односно искинале и сликите од младоста, дури и моментот кога била невеста.

– Најтешки моменти во животот беа загубата на сопругот и на синот, кој го прегази автобус. Тоа беа трауми. Германците не го даваа телото на синот, н` бркаа. Тешки времиња беа тоа. Децата немаа ни да јадат, беа гладни, боси и голи. Јас немав никој, ниту брат ниту сестра тука да ми помогнат. Бевме оставени сами на себе. Kога дојдоа Германците, хаос направија, с` исфрлија надвор, фрлаа алишта. Мажите ги бараа, каде се, а ние ги криевме. Kога ми текнува на војната, дури и леб не ми се јаде, само си легнувам и спомените ме надвасуваат – колку ни беше тешко. Само тоа ми е останато во паметот – вели баба Алида.

РЕЦЕПТ ЗА ДОЛГ ЖИВОТ – КИСЕЛО МЛЕКО СО ШЕЌЕР

Ја прашавме баба Алида кој е рецептот за долговечен живот. Таа не го знае, но на шега вели дека не треба многу јадење на с` и сешто, зошто таа имала моменти и кога со денови не јадела ништо, па преживеала. Сега основниот рецепт од кој преживува е кисело млеко со шеќер секое утро. Вели така крвта ~ се подобрувала.

– Сок не пие, месо од продавница не јаде, освен ако има домашна кокошка, јаде супа, млеко. Не пушела, а и кафе и чај не пие – коментираат најблиските.

Целиот текст прочитајте го на Дневник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1