Највреден светски бренд остана Кока Кола, сепак „Aplle“ го стига


Највреден бренд во светот е Кока Кола – 77,839 милијарди, а зад неа следи „Aplle“, 76,568 милијарди долари. Во првите 10 брендови, осум светски компании потекнуваат од САД.

Кока Кола можеби е највреден бренд во светот, но сепак оваа е во тесна трка со „Apple“, која полека ја стига, пред се благодарејќи на популарноста на паметните телефони и таблети кои ги произведува.

Од европските брендови ниеден од нив не се проби на листата на најдобрите десет.

Ваквата листа е дело на истражувачката консултантска агенција „Interbrend“.

Кока Кола првото место на оваа листа го држи од 2000 година, кога и почна да се прави ваквата листа.

„Aplle“, во последните година дена растот го зголемен за 129 отсто и има најголем раст од сите марки. Минатата година оваа компанија беше осма на листата.
Првите осум места ги заземаат фирмите од САД. Зад Кока Кола се наоѓаат, „Aplle“, IBM, Гугл, Мајкрсофт, Џенерал илектрик, Мекдоналс и Интел.

Најдобро позиционирана неамериканска марка е јужнокорејскиот „Samsung“ на деветото место, додека Тојота е 10.

Од европските брендови, на највисокото место е „Мерцедес Бенз“ на 11 место, а веднаш зад него се наоѓа неговиот конкурент BMW.
Meѓу највредните европски бренда, претходните години беше „Nokia“, но минатата година претрпела значителен пад и оваа година нејзината вредност е намалена за 16 проценти, со што се најде на 19 место.


Прв пат на оваа листа се најде и социјалната мрежа, откако на 69 место се проби Фејсбук со вредност од 5,421 милијарди долари.
Пад на вредноста минатата година претрпеа четвртина од брендовите на листата од 100 највредни.

Најголем удар претрпе „Blekberi“, дури 39 отсто. На скалата доминираат брендовите од САД, дури 56.

Од Европа се 34, од Германија, Франција, Британија, Швајцарија, Италија, Холандија, Шведска, Шпанија и Финска и др. Преостанатите места ги заземаат брендовите од Кореја, Канада и Мексико.

Истражувањето е засновано на сложена методологија која ја развила „Interbrend“. Оваа фирма ја користи комбинацијата на силината на брендот и неговата улога во креирање на побарувачката.
Фирмата мора да има јавно достапни финансиски податоци, а третина од приходите мора да поминат низ странските пазари.

Tags: , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1