Македонски државјанин во Италија заклал брачна двојка


МВР потврди дека од Интерпол добиле известување за апсењето на 28-годишниот Абдуљ Алили осомничен за убиство на брачна двојка.

Абдуљ Алили е уапсен ноќта меѓу 1-ви и 2-ри октомври во Италија. Осомничен е дека со нож ги заклал Паоло Маркони и Ада Черкети во нивната куќа во местото Монтелупе во италијанската провинција Маќерата, пренесе Канал 5.

Алили се обидел да изврши разбојништво во куќата на убиените. Според полицијата тој кога видел дека брачниот пар се дома, со нож ги заклал обајцата.
Алили имал и повеќе кривични пријави во Италија за измама, насилство и закани на овластени лица, стоело во известувањето на италијанската полиција

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1