Најзагадено во Центар и Карпош


Скопје и денеска е најзагадена општина во државата. Мерните единици покажуваат енормно зголемување на ПМ10 честичките, кај Ректорат 395 микрограми на метар кубен, Карпош 383, Центар 316, Лисиче, 291 и Гази Баба 261.

ПМ10 честичките покажуваат извесно надминување и во Куманово, 124 микрограми на метар кубен, како и во Велес,106.

Во услови на висока загаденост на воздухот се препорачува излегување надвор само по потреба и избегнување подолга изложеност на отворено. Излегување без посебна потреба не им се препорачува особено на мали деца, стари лица и бремени жени.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1