Најздрави луѓе на планетата – Kамерун нема рак, Мексико дијабетес, Крит е најздрав


health-promotion-industry

Дијабетес речиси и да нема во Мексико, Камерунците не знаат за карцином, Исланѓаните ретко патат од депресија иако имаат тмурно време.

Секоја година здраствената состојба на луѓето на планетата е се полоша. Истражувањата велат расте бројот на срцеви оболувања, белодробни, малигни. Како главен виновник посочени се стресот, генетика, лошо еколошко опкружување.

Сепак на планетата имна места каде населението е поштедено од некои хронични болести кои на другите места се во подем.

Дијабетес – од оваа болест пати цела планета освен Мексико. Во Копер кањонот каде живеат индијанци Tarahumara, за дијабетес тип 2 и не знаат дека постои. Лекарите велат тоа е бидејќи овие жители јадат храна преполна со нерафинирани јагле хидрати. Како зачини го користат многу циметот, магданос и бел лук, имаат многу физичка активност.

Карцином Во африканската држава Камерун карциномот е навистина реткост. А рак на органите за варење и на дебелото црева речиси и да нема. Овие жители немаат ниту кардиоваскуларни проблеми, ниту инфекции и болести на респираторниот систем. Најзаслужна е исхраната базирана на житарици полни со влакна како што е зоб, јачмен. Овие луѓе многу ретко конзумираат и црвено месо што се смета за еден од главните причини за појава на карцином.

Депресија –  потполно го има заобиколено Исланд иако во оваа земја ги има сите услови кои според лекарите се причина за зголемен број на заболени од депресија. Има тмурно време, ветрови, но сепак исланѓаните имаат најнизок број на пациенти со депресија. Најзаслужна за тоа е исхраната полна со omega 3 масни киселини. Јадат голема количина риба и јагнешко.

Срцеви заболувања. Благодарејќи на медитеранската исхрана народот на Крит не пати од овие заболувања. Тоа е и еден од најздравите народи во светот бидејќи конзумираат голема количина на маслиново масло, а јадат и многу морска храна полна со Omega 3 . жителите на Кирт многу јадат и двопек кој е полн со влакна, го топат во црвено вино, маслиново масло или во јаболков оцет. Се хранат со зелен и лиснат зеленчук, а за десерт јадат најчесто јогурт помешан со мед. Исто така имаат многу малко црвено месо на менито.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1