Малиот Јован го спасила пожртвувана македонска докторка кога сите други кренале раце


д-р Софијанова го пре­зе­де целиот ризик околу транспортот врз себе. Го зеде Јовче в раце. Го седна во ску­тот. Боцата со кислород ја скри под нејзините нозе, а џебовите од облеката ги на­пол­ни со ампули и со друга терапија за не дај боже, и така полетавме. Благодарение на неј­зи­на­та храброст, стигнавме во Словенија”, раскажува со насолзени очи Мирјана.

detska-klinika

Ова дванаесетгодишно дете живее благодарение на упорноста, пред сè, на неговите ро­ди­те­ли и на двајца доктори – д-р Аспазија Софијанова, сегашна директорка на Кли­ни­ка­та за детски болести во Скопје и нејзината колешка од Словенија д-р Мирјана Пер­ко­виќ која, како за Вест велат родителите на Јован, дала сè од себе за да го спаси нив­но­то дете.

Аго­ни­ја­та на семејството Колов­ски започнала на 13 октомври 2008 година, кога де­те­то не­надејно добило висока температура и грчеви, по што, како итен случај, од Струш­ка­та бол­ ница било испратено на Дет­ската клиника во Скопје.

Таму на Јован му би­ла поставена дијагноза менингитис, иако резултатите не покажале при­су­ство на бак­те­ри­ја за овој тип бо­лест. Таква бактерија била изолирана кај пациентката со која Јо­ван бил во ис­та со­ба. “Ко­га во болницата дознаа дека ќе дојде инспекциј­а, ги раз­де­ли­ја децата”, вели Мирја­на. По не­колку дена, состојбата на малиот Јован се по­доб­ри­ла, но само што помислиле дека заздравува, нагло му се вло­шила.

aspazija sofijanova“Единс­тве­на светла точка во македонското здравство за нас, по сите искушенија кои ги поминувавме во македонскиот лекарски лавиринт од кој немаше излез, е д-р Ас­па­зи­ја Софијанова. Единствено таа ни влеваше надеж и ни велеше дека ова дете не смее да умре. За разлика од неа, другите лекари, кога ќе нè видеа, бегаа од нас.

На тој начин тие само покажуваа дека не се способни. Постојано, место да учат од нив­на­та колешка која, пред сè, постапуваше како родител, а потоа и како лекар, нè пра­шу­ваа што сме $ дале на докторката што толку се грижи за нашето дете. Но и покрај си­те притисоци, докторката остана на ниво на нејзиниот професионализам”, рас­ка­жу­ва­ат родителите на Јован.

Ко­га било одлучено Јован во 2010 година да замине со лекарска придружба во Сло­ве­ни­ја, со нив била и д-р Софијанова. Тој момент Мирјана и Димитар, како што велат, ќе го паметат додека се живи.

jovan“За Словенија требаше да заминеме со ‘ербас’ каде што Јовче требаше на носила да би­де ставен со сета придружна лекарска опрема во авионот. Но бидејќи тој ден има­ше само патнички авион, а животот на Јован висеше на конец, д-р Софијанова го пре­зе­де целиот ризик околу транспортот врз себе. Го зеде Јовче в раце. Го седна во ску­тот. Боцата со кислород ја скри под нејзините нозе, а џебовите од облеката ги на­пол­ни со ампули и со друга терапија за не дај боже, и така полетавме. Благодарение на неј­зи­на­та храброст, стигнавме во Словенија”, раскажува со насолзени очи Мирјана.

Во суетноста на докторите лично се увери и авторот на текстов. Новинарот на Вест вели кога пред четири го­ди­ни отидов во Детската клиника да ги прашам докторите дали има надеж за малиот Јо­ван и зошто е постапено така, една од докторките најбезобразно одговорила: “Аман, што сте се фатиле за тоа дете. Па има и други болни деца. Дали ги запознавте не­го­ви­те родители, па тие не му дозволуваат на детето да се спаси од маките”.

Цеелиот текст можете да го причитате на следниот Линк

Извор  – Вест

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1