Дури кога ќе умрам ќе престане да боли – исповед на девојката на починатото момче


 ,,Тој е мојата прва и најголема љубов, ми велат млада сум, но јас знам дека ќе престане да ме боли дури кога ќе умрам,,

500-Sanja-devojka-nastradalog-Milosa-500x268Сања.А (15) и нејзиното момче Милош Атанасковиќ зборувале на телефон само неколку секунди пред да почине, зедно со неговите тројца другари со кои бил во викендицата во близина на Парачин во Србија.

,, Ми велат дека е мртов, но не, не верувам. Чекам мој Милош да дојде, да ме погали по коса, како секогаш тоа го правеше. Ќе дојде, ќе ме бакне,, вели низ солзи за српски Курир Сања.

milos-atanaskovic-marko-zivkovic-1357940714-252103

,, се чувме околу 19.13 часот. Беше многу весел, а по гласот можев да забележам дека малку и се напил. Неколку пати ме праша ,, Среќо моја, дали ме сакаш? И повторуваше колку му значам.

Пред крај на разговорот ги чув неговите другари како го зафркаваат, му дофрлуваа бидејќи ми велеше дека ме сака. Не сакав да му пречам па му реков ,, ајде ти прекини ја врската јас неможам, те чекаат другарите,, раскажува Сања низ солзи.

rodaci-dolaze-u-kucu-jovana-ilica-1357940692-252101Но Милош не ја прекинал врската но од другата страна имало молк.

,, Помислив да не ми се налути што му реков да исклучи… но потоа го чув, речиси како да застенка од болка само тивко чув ,, срце се гушам,, па ,, јао срце, јао,, и тогаш се прекина врската. Иститот момент ме обзема некој страв.

Му вртев, му вртев но не се јавуваше. Му вртев се до полноќ, си се убедував дека е лош сигналот во викендицата, дека се запил со другарите па не го слуша телефонот. Заспала со телефонот во рака.

dorde-marjanovic-jovan-ilic-1357940627-252097Утрото ја чула страшната вест.

,,Тој е мојата прва и најголема љубов, ми велат млада сум, но јас знам дека ќе престане да ме боли дури кога ќе умрам,, вели низ солзи Сања.

Обдукцијата покажала дека причина за смртта е труење со јаглерод моноксид.

Се испитува дали протекол агрегатот за струја кој работел на нафта.

Момчињата денеска беа погребани.

Срце се гушам била последната порака до девојката – Како умреа 4 момчиња (Фото)
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1