Македонија го победи Чиле 30:28


MAKEDONIJA LAVMакедонија успеа да го совлада противникот Чиле во првиот натпревар на светското ракометно првенство во Севиља, Шпанија.

Одигравме мачен натпревар но сепак на крајот извојувавме победа со 2 гола разлика. Капитенот Кирил Лазаров со осум голови беше најефикасен играч во македонскиот тим и воопшто на натпреварот, Манасков постигна шест, Стоилов и Наумче Мојсовски постигнаа по четири, а по два гола постигнаа Никола Марковски, Миркуловски и Георгиевски.

Во составот на Чиле најпрецизен беше Родриго Салинас со шест и Фојцман со пет голови.

Следен противник на Македонија, во рамките на второто коло од Б групата, ќе биде селекцијата на Катар, овој натпревар ќе се одигра в недела, со почеток во 18 часот.

Утре го играме вториот натпревар со репрезентацијата на Катар да се надеваме дека нашите лавови ќе се врата во форма и ќе го остават срцето на теренот !!!!!!!!!!!!!!!!

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1