Наместо на турско кафе Вучиќ на жолта во Радожда


го минува денот со чашка жолта ракија за опуштање, со добро подготвена риба, со лаф-муабет со своите пријатели и со капење во бистрите езерски води.



Драган Вучиќ, кога работи, работи, кога ужива, рамен му нема. Откако неодамна го нагости славниот турски актер Буран Хаки , а викендов организираше избор на мис, реши да се релаксира најдобро што може и на неговото омилено езерско место. Затоа, со своите пријатели се упати во Радожда, Струшко, во прекрасната вила Мариј Блаж. Таму со газдата Крсте со кои се стари пријатели си ужива во храната што му ја подготвуваат.

Таму го минува денот со чашка жолта ракија за опуштање, со добро подготвена риба, со лаф-муабет со своите пријатели и со капење во бистрите езерски води.
Нему му се придружија Силви и Влатко Плевнеш, водителката Ирена Спировска и неколку познати бизнисмени со семејствата, со кои пријатно го помина денот.

На богатат трпеза се најдоа и крап и пастрмка, а Влатко на присутнит им објансуваше дека охриѓани јадат риба со раце.

Вучиќ е познат по тоа што не штеди кога седнува во кафана со пријатели, а и по комотниот живот. Неодамна ја продаде својата јахта, а за догодина си такса да купи парти боат- односно брод за забави.
Следната недела заминува на одмор во Грција, да најде прибежиште во некое мирно место, по сите работни обврски кои го следеа изминатиов период.

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1