НАМЕСТО НА ЗАБАВА, ЗАМИНАА ВО СМРТ: Ги венчаа на нивниот погреб!


Семејствата заедно ги погребале Денис Џани (18) и Инес Тадиќ (17). Меѓу нив ставиле два златни прстени како симбол на нивната вечна љубов.

pogreb-ines

Биле заљубени еден во друг. Не се разделувале. За жал, заедно отишле во смрт и одлучиле вечно да останат заедно, рекле членови на семејството на Денис Џани и Инес Тадиќ, кои загинале во петокот во сообраќајна несреќеа кај Новска, Хрватска, пренесува 24сата.хр.

Лелеците на уништените родители, членови на семејството, роднини и пријатели одекнувале на гробиштата. Откако ги спуштиле во вечното почивалиште, телата биле прекриени со бели цветови. Меѓу телата положиле бела перница на која биле ставени златните бурми. Ги венчале во гроб.

Многумина дошле да се простат од младиот пар. Сите сакале да бидат заедно, како и повеќето млади да го живеат животот заедно и да создадат семејство. Никој на погребот не можел да ги сокрие солзите. Сите имале едно прашање – зошто морало да биде така.

pogreb-ines2pogreb-ines3

Момчето и девојката во петокот вечерта се договориле да излезат во Новска. Тој дошол по неа со „опел тигра“. Тргнале на забава, но само на неколку километри од куќата на Инес, најверојатно поради неприлагодена брзина, Денис изгубил контрола врз автомобилот, кој почнал неконтролирано да се движи на патот. Колата преминала во спротивен правец и на неа налетал друг автомобил, кој силно ја удрил и ја отфрлил во канал. Младата девојка починала на лице место, а нејзиниот дечко во возило на Итната помош.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1