Наместо со царски рез ја породиле природно – бебето инвалид – ќе добие оштета од 845.000 евра


Словенка, која и покрај упатот за породување со царски рез, била породена по природен пат, ќе добие отштета од 845.000 евра бидејќи при породувањето и пукнала матката, а детето преживеало со тежок инвалидитет.

Од оваа сума, главнината на отштетата е половина милион евра, додека остатокот претставуваат повеќегодишни камати.porodaj-tata-1328585176-93673

Ова е една од најголемите отштети доделени на словенечките судови заради лекарска грешка.

Настанот се случил во 2005 година, а првостепениот суд пресудата, која породилиштето решило да ја обжали, ја донел по седум години траење на постапката.

Лекарот што го водел породувањето го игнорирал упатот според кој требало да биде изведен царски рез, наводно заканувајќи и се на пациентката дека таквиот зафат ќе мора посебно да го плати.

За време на класичното породување дошло до компликации и вадење на плодот со вакуум, при што дошло до пукање на матката на мајката и тежок инвалидитет кај детето.

Тоа и денеска е во инвалидска количка, не може да седи, ниту самостојно да јаде, а има и тежок облик на епилепсија.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1