Нано Ружин се откажа од листата на СДСМ – еве зошто (Фото)


Нано Ружин се откажа од листата на кандидати за пратеник на СДСМ иако претходно ја прифати кандидатурата. Еве што тој вели за својата одлука

nano-ruzin-3-glПочитувани пријатели демократи,сопартијци и коалициони партнери

За да ги разјаснам сите можни манипулации од страна на медиумите блиски на власта сакам да ве инфомирам дека моето повлекување од листата во изборната единица 1 каде се наоѓав на добитното 10-то место не е резултат на никаков каприц.

Јас гласав за листата на состанокот на ЦО на ЛДП но не бев информиран за составот на целата листа која беше усвоена на ЦО на СДСМ три часа подоцна.

Дури подоцна дознав дека ниту еден потпредседател на СДСМ не бил на листата и дека таа е составена од помалку познати имиња.

Јас ја подржувам таа храбра одлука на Г.Заев и затоа се решив моето место да му го препуштам на некој помлад член на ЛДП. Се надевам дека ке имате разбирање за овој потег.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1