Пронашле осум игли во тело на бебе – лекарите во шок (Видео)


Лекарите во градот Арекип, на југот од Перу, откриле осум метални игли во тело на седуммесечно девојче.
Се уште нема објаснување како иглите се нашле во бебешкото тело, а полицијата го истражува случајот.

451311_beba-igle_ff– Ова е прв ваков случај во болницата Хонорио Делгадо. Многу е сложен и нема логично објаснување – изјавил директорот на болницата Цеуар Линарес.

Тој објаснил дека мајката го донела бебето во болницата зашто многу плачело.

– По испитувањата и рендгенот откривме дека во телото се игли за шиење и дека, за среќа, не оштетиле ниту еден од органите – додал тој.

Се претпоставува дека иглите, кои главно се наоѓаат во нозете и во градниот кош на девојчето, ги забол возрасен човек.

За в понеделник е планирана операција на детето чија здравствена состојба, засега, е стабилна. /Извор: jutarnji.hr/

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1