Двајцата заболеле од рак во исто време – дознале кога ќеркичката имала само 1 годинка


Елиса Бонд ( 39 ) од Бруклин ја изгубила тригодишната битка со рак на дојка. Нејзиниот сопруг , Натан пак се соочува со трети фаза на рак на цревата . Плодот на нивната љубов е четири годишната ќерка за која велат единствено вредело да се борат против лошата судбина која ги снашла.

56419_tr1_630x0Не бевме подготвени за ваков удар. Ја немавме обезбедено ќеркичката. Кога дознавме дека имаме рак објацата таа имаше само 18 месеци, тоа беше огромен удар за нас. Немавме многу пари а дилемата беше дали да ги даваме на лечење или да дигнеме раце и да и оставиме на ќерката барем нешто. Но сакавме и да ја пораснеме – барем малку, барем да не памети – напишале Елиса и Натан на сајтот кој го отвориле преку кои ги молеле добрите луѓе да донираат колку можат.

– Таа се бореше до крај со сила и достоинство – напишал Натан, соопштувајќи дека неговата сопруга починала и ја загубила битката со ракот.

Г-ѓа Бонд боледува од рак 2011 кога нејзината ќерка беше 18 месеци. Наскоро и Натан дозна дека боледува од рак на дебелото црево . Лекарите им рекле дека нивната болест е неизлечива и ќе живеат најдолго  пет години.

Поради болеста мораше да ја напуштат и работата, Елиса работела како агент за недвижности, и Натан бил сликар.

56420_tr_630x0Да ги издржат трошоците на лекувањето , започнаа веб-сајт “Тим Бонд “, каде што тие се собирале донации од семејството, пријателите и сите луѓе кои сакаа да им помогне.

По осум месеци од откривањето болести Елиса објави дека зрачењето дало резултати. Но радоста беше краткотрајна. Болеста се врати и во јануари 2013 година. го зафатила и мозокот.

– Престрашена , лута , тажна, загрижена , но сепак позитивна – напишала тогаш Елиса .И покрај сите обиди таа не успеала да ја победи болеста и починала

Оваа жена ја изгуби битката со ракот , нејзиниот сопруг продолжува. Од лансирањето на страницата има собрано околу $ 25.000. Натан рече декакога ќерката го  прашува што е рак и одговара. Тоа е ќерко кога и  во најлошите работи има простор за хуманоста и човечката добрина, заблагодарувајќи им се така на сите кои ги поддржуваа.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1