Напад врз телевизија во Авганистан – 7 мртви, над 25 ранети


Талибанските бунтовници ја преземаа одговорноста за бомбашкиот напад врз минибус на авганистанската телевизиска мрежа Tolo во кој во центарот на главниот град Кабул во средата вечерта беа убиени седум луѓе, а повеќе од 25 се ранети, меѓу кои жени и деца, што е прв голем напад врз некој авганистански медиум.avganist

Талибаните во октомври минатата година објавија дека двете авганистански телевизии Tolo и 1TV ги сметаат за „воени цели“, значи цели на нивните напади.

Им забележуваат за ширење „пропаганда“ од страна на „сатанските телевизии“, бидејќи исламистичките бунтовници ги обвинија за силувања во текот на борбите за градот Кундуз кој талибаните го заземаа во септември 2015 година. Инаку ваквите обвинувања за припадниците на ова радикално исламистичко движење е реткост во повеќедецениските судири.

„Овој напад е одговор на непријателските чувства на телевизијата Tolo кон исламот“, напишаа талибаните во соопштението кое е потпишано од нивниот ткн Воен совет.

Цел на нападот изведен во близина на амбасадата на Русија бил минибус кој ги превезувал вработените на продукциската куќа „Kaboora“, која е дел од групацијата „Tolo“.

Началникот на кабулската полиција, Абдул Рахман Рахими, потврдил дека телевизијата Tolo била цел на нападот во кој загинале седум, а ранети е 25 луѓе. Бомбашот самоубиец е залетал со своето возило во минибусот во западниот дел од Кабул, рекол помошникот на началникот на кабулската полиција Сајед Ѓул Ага Рохани.

„Во терористичкиот напад изгубивме седум вработени“, потврди телевизијата на Twitter.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1