Нападнато студиото на „Ал Џезира“ во Каиро


Студиото на арапската сателитска телевизиска станица „Ал Џезира“ во Каиро денеска е нападнато со молотови коктели, а демонстрантите се судрија во близина на плоштадот Тахрир.


– Непознати напаѓачи фрлаа молотови коктели врз зградата на „Ал Џезира“, што гледа на Тахрир, што предизвика голем пожар, изјави претставник на полицијата, додавајќи дека во пожарот никој не е повреден.
Египетското Министерство за внатрешни работи соопшти дека 118 луѓе се уапасени од понеделникот до денеска, трет ден од одбележувањето на годишнината од уличните борби меѓу опозицијата и египетските безбедносни сили.

Опозициските активисти вчера организираа протест со цел да го принудат претседателот Мохамед Морси да ги казни одговорните за убиствата и злоупотреба на положбата за време на владеењето на генералите, кои беа на власт по соборувањето на Хосни Мубарак во февруари 2011 година.

Демонстрантите фрлаа камења и молотови коктели врз полицијците кои ја обезбедуваа зградата на Министерството за внатрешни работи, а 19 луѓе се уапсени. Учесниците на протестот тврдат дека полицијата употребила сила кога ги спречила да ја отстранат блокадата на патот кон зградата на Министерството.
Во судирите кон крајот на ноември 2011 година, за време на протестите против воената власт која управуваше со државата додека Морси не беше избран во јуни годинава, беа убиени 42 лица

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1