Се намалува бројот на заразени од АИДС во светот – пандемијата на залез


Обединетите нации во вторникот соопштија дека пандемијата од АИДС во светот е на залез заради подобриот пристап до лековите што ги лекуваат симптомите и го блокираат вирусот на човековата имунодиференцијација (ХИВ) што ја предизвикува болеста, како и дека целта за конечно искоренување на епидемијата на АИДС е сосема остварилива, пренесува Хина.


„Успехот во борбата против оваа болест го овозможи поставувањето темели за искоренување на АИДС-от со тоа што ја намали смртноста и помогна во стабилизирањето на бројот на заразени луѓе во светот“, се наведува во годишниот извештај на УНАИДС.
Околу 34 милиони луѓе во светот на крајот на 2011 година имаа ХИВ.

Ширум светот опаѓа бројот на новозаразени лица од болеста, која може да се пренесува преку крв и во текот на незаштитен сексуален однос.

Бројот на новозаразени лица со ХИВ вирусот минатата година бил помал за 20 отсто во однос на состојбата во 2001 година, додека бројот на умрени од АИДС од 2,3 милиони во 2005 година лани се намалил на 1,7 милиони, се наведува во извештајот на УНАИДС.
И натаму најзафатено подрачје од болеста е субсахарска Африка.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1