Српскиот амбасадор си оди – не се знае зошто


Претседателот на Србија Томислав Николиќ го отповика од должност српскиот амбасадор во Македонија Томислав Ѓурин.


Одлуката за отповикувањето на Ѓурин, како што пренесе Радио-телевизија Србија, е објавена во ноемврискиот број на „Службен весник“.
– Се отповикува Томислав Ѓурин од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Србија во Република Македонија“, се наведува во указот на српскиот претседател Николиќ.

Нема информации за причините за отповикувањето на амбасадорот Ѓурин ниту кој ќе го замени.
Во Амбасадата на Србија во Скопје за МИА потврдија дека досегашниот амбасадор си заминува од должноста, но велат дека немаат повеќе информации. Ѓурин, пак, не дава изјава за медиумите со образложение дека веќе не е амбасадор.
Томислав Ѓурин ја извршуваше амбасадорската должност во Република Македонија од јануари 2010 година.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1