Наполнете си го резервоарот – Затворената сметка на Макпетрол ќе создаде нафтена криза во Македонија


Блокираната сметка на Макпетрол се заканува да предизвика сериозна енергетска криза во државата. Училишта, болници, аеродроми, енергетски капацитети ќе останат без неопходните енергенси, доколку ваквата состојба потрае. Во моментов на бензиските станици на Макпетрол, кои сочинуваат 60 отсто од пазарот во земјава, има залихи на нафтени деривати доволни само за наредните пет дена, јави Телма.benzin benziska mk3

Неможноста за набавка на нафтени деривати како последица на решението на судот за блокирање на сметките во деловните банки, во екот на туристичката сезона и интензивините земјоделски активности, ќе резултира со огромно пореметување во снабдувањето на крајните потрошувачи. Во голема мера ќе се усложни снабдувањето во двата правци на автопатот од Табановце до Богородица, како и на голем број други патни правци во Македонија.

Жителите на Крушево, Дојран, Пехчево, Кратово, Делчево, Маврово ќе мора да се снабдуваат со гориво во други населени места. Исто така, заради недостатокот на гориво, постои опасност да се наруши и редовниот транспорти на стока и патници.

Блокираната сметка ќе доведе до прекин во снабдувањето со природен гас на почетокот на септември, бидејќи договорот на Макпетрол со Газпром предвидува авансно месечно плаќање на планираните количини од овој енергенс. Природниот гас го користат десетици големи компании, Клиничкиот центар, Министерството за одбрана, Градската општа блоница 8-ми септември, 4 училишта во Скопје, дистрибутерот Куманово гас, како и сите фабрики во Бунарџик.

Покрај ова, за една недела без млазно гориво ќе останат аеродромите во Скопје и во Охрид, со оглед на тоа што Макпетрол е единствен снабдувач со керозин во Македонија. Исто така, нема да може да се реализира договорот меѓу Макпетрол и ЕЛЕМ за испорака на околу 50.000 тони мазут за потребите на РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј.

Со оглед на тоа што Макпетрол има законска обврска да обезбеди сигурност во снабдувањето со нафта, нафтени деривати и природен гас, компанијата за новонастанатата ситуација ќе ги информира сите надлежни институции во државата, како Регулаторната комисија за енергетика, Министерството за економија и Агенцијата за енергетика.

Макпетрол ќе ги стори сите напори, со цел состојбата да не ескалира и снабдувањето со енергенси да биде нормално, но одлуката на судот за замрзнување на средствата практично и ги врзува рацете на компанијата.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1