Домашни фурнарини
- Подготовка: 20 мин.
- Готвење: 10 мин.
- Вкупно: 1 ч 10 мин.
Состојки
- 260 г брашно
- 60 г пченкарно брашно
- 80 мл масло за готвење
- 160 мл вода (млака)
- 1 јајце
- 1 лажичка сол
- 1/2 лажичка шеќер
- 1/2 кесичка сув квасец
- малку сусам, сол, црвен пипер, ким (за посипување)
Подготовка
- 1.Замесете о тестото. Во сад измешајте ги сите потребни состојки за подготовка на тестото и месете се додека не добиете фина, компактна смеса. Тестото покријте го и оставете го да нарасне околу 30 минути.
- 2.Стасаното тесто поделете го на 3 дела и секој дел тенко расукајте го.
- 3.Со помош на ноже за сечење пица, исечете го тестото на тенки стапчиња (за полесно, тестото првин префрлете го во плех за печење, па потоа сечете го).
- 4.Префрлете ги стапчињата во намастен плех за печење и оставете ги да одморат 10-тина минути. Пред печење, намачкајте ги со малку вода и масло и наросете со сусам, сол и црвен пипер.
- 5.Печете во загреана рерна, на 230 степени, околу 10 минути водејќи сметка да не изгорат бидејќи не е потребно долго печење. Наросете сирење, кашкавал или сл. и сервирајте ги. Добар апетит!
Повеќе рецепти на – migusto.mk