На клучката на Хиподром на местото каде минатата недела новинарот Никола Младенов во сообраќајна несреќа го загуби животот, се врши дополнителна истрага и вештачење од десеттина лица
По наредба на истражниот судија, а заради дополнителни анализи денеска на терен излегоа вешти лица од сообраќајна струка. Сето ова со сообраќајното техничко вештачење, изјави Владимир Туфегчиќ, портпарол на кривичниот суд Скопје 1.
Полицијата го обезбедува местото и не дозволува пристап на новинарските екипи.
Nova Makedonija