Иако за витилигото се смета дека е неизлечива болест, сепак постојат некои народни лекарства кои можат да го спречат ширењето и да ги намалат белите флеки на кожата.
Лек за витилиго (народна медицина):
1 кг таан од сусам (кој се користи за правење таан алва)
4-5 домашни лимони (кората да не е прскана)
Лимоните ги измивате и ги ставате во голема тегла, а потоа ги прелевате со таанот. Теглата ја покривате со газа и оставате да отстои 15 дена.
Се зема по една супена лажица, три пати дневно, еден час пред јадење.
Таанот е доста масен, па треба повремено да правите контрола на маснотиите во крвта. Овој народен лек треба да се применува најмалку 2-3 месеци за видливи ефекти.