Верниците денеска го слават светецот Сисое, верниците овој светец го почитуваат бидејќи е заштитник на децата.
Многу мајки постат седум дена пред овој празник за да се причестат, а се верува дека децата така ќе бидат здрави и дека цел живот ќе ги прати среќа.
Ако на светиот Сисое паѓа дожд, треба да ги пуштите децата да истрчат надвор и добро да се намократ.
Во некои краишта се верувало дека таа вода светецот ја испраќа од небото за нив и дека така најдобро и најздраво ќе пораснат.
Исто така на овој свет ден треба да запалите свеќа според народните верувања тоа се прави за да ви „тргне во животот“.