Народни верувања за Новата година: Отворете ги прозорците и вратете ги долговите!


Новата година се сведува на средување на сметки, креирање на планови за следната година и уште една цела низа од различни суеверија. За вашата среќа да биде поблиску, а неубавите нешта подалеку од вас, многу луѓе посегнуваат по овие мали ритуали.hitportal-nova-godina-1

Внимавајте кого бакнувате за Нова година

Дочекајте ја полноќта покрај драгите луѓе и нека првите бакнежи во 2015-тата година бидат токму со нив. Тоа е добар знак дека добрите односи ќе траат и во следната година. Ако токму ова не го сторите, ќе нарушите значајни врски во вашиот живот. Најдобро е Новата година најпрво да ви ја честита личност од спротивниот пол, бидејќи со тоа предизвикувате среќа во љубовта.

Вратете ги долговите и платете ги сметките

Дочекајте го први јануари “чисти” и без било какви долгови. Се верува дека плаќањето на сите долгови и следната година ќе ви ја направи финансиски успешна.

Отворете ги прозорците

Нека старата година замине полесно, а новата со убави промени нека влезе во вашиот дом.

Дочекајте ја новата година во нова облека и црвена долна облека

Црвеното и новото донесуваат среќа, па токму затоа повикајте ја среќата токму на новогодишната ноќ.

На првиот ден од Новата година работете минимално

Се верува дека со ова повикувате многу работа во Новата година. Постои суеверие кое кажува дека не треба да работите многу токму на првиот ден во Новата година бидејќи се верува дека токму тоа донесува голем неуспех во Новата година.

Не изнесувајте ништо од домот

Не фрлајте ништо од домот, ниту пак изнесувајте нешто бидејќи со тоа се предизвикува одлив на пари од вашиот дом, а тоа секако и не го посакувате.

Првата личност во Новата година нека биде маж

После полноќ, ако веќе некој влегува во вашиот дом, тоа нека биде личност од машки пол. Мажите во оваа приказна донесуваат многу среќа.

Внимавајте нешто да не скршите

Скршената чаша или чинија, може да предизвика несреќа, па токму поради тоа бидете внимателни.

Не мијте садови ниту облека токму на први јануари

Верувањата велат дека прекршувањето на ова правило може да доведе до тоа некој од вашиот дом да “исчезне” во претстојната година.

На први јануари се раѓаат среќни деца

Бебињата кои се раѓаат на првиот ден во Новата година, се верува дека ги следи голема среќа во животот.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1