НАСА ја откри тајната на исчезнатата вода на Марс (ВИДЕО)


Марс денес (и покрај присуството на мала количина на течна вода) е сува, замрзната планета. Но, ова не било отсекогаш. Во далечното минато Марс, најверојатно, бил топол и влажен, многу сличен на Земјата. Значи што се случило тоа да се промени? Благодарение на најновите податоци од мисијата на орбитерот на НАСА, Мисија за истражување на марсовата атмосфера и развојот на нејзиното испуштање (MAVEN), соопштени денес, ние конечно дознавме што се случило со водатаlakemars

„Кога ќе се погледне Марс во минатото можеме да забележиме поинаков вид на површина, на средина која била во можност да поддржува вода на површината”, рече денес Брус Јаковски истражувач кој работи на проектот MAVEN. „Значи, што се случило со јаглеродниот  диоксид во тогашната атмосфера, што се случило со водата во раните денови на Марс?”

Во текот на минатата година, MAVEN ја проучуваше внимателно атмосферата на Марс. Со користење на тие податоци, истражувачите открија (со истовремено објавување на резултатите во Science и Geophysical Research Letters) дека поради бомбардирање од соларни ветрови атмосферските гасови на Марс биле одвеани далеку од површината.

Соларните ветрови директно не ударале на површината туку тие ги соголувале атмосферските гасови околу планетата постојано и во силни налети.  Водечкиот истражувач на проектот Jasper Halekas, објаснува дека инструментите детектирале дека налетите на одвејување на гасовите  од планетата биле „како ударните брановите околу млазен авион”.nasa-mars

Како што соларните ветрови ги развејувале се повеќе и повеќе атмосферските гасови на Марс, како што гледате погоре, планетата се помалку и помалку била во можност да ја одржи водена површина. „Аналогијата која сакам да ја користам” Јаковски објаснува, „ е како кога ќе излезам од под туш на ветер, водата во мојата коса е едноставно однесена далеку од ветрот”.

Денес, таа загуба на атмосферски гас продолжува во стапка од околу 115 грама гас во секунда. Но, истражувачите веруваат дека во раните денови на Марс кога за прв пат почнале да се губат атмосферските гасови, таа стапка била многу поголема. Па дури и денес, таа стапка може лесно да скокне на 10 до 20 пати во текот на соларна бура.mars kolonija2

Марс е иднината на Земјата?

Значи, ако Марс бил еднаш влажна планета која ја загубила својата вода заедно со атмосферата, што ќе се случи со Земјата? Дали ние треба да се грижиме дека нашиот дом еден ден би можел да изгледа како сувата, правлива површина на црвената планета? За среќа, тука е нешто значајно што стои на тој пат: магнетното поле на Земјата.

Како и Марс и Земјата исто така е предмет на моќни соларни ветрови – и како Марс таа исто така губи нешто од нејзините атмосферски гасови. Но геомагнетното поле ги одбива во доволна мерка, па ветровите не удараат директно во атмосферата:0927-mars-nasa-rock-curiosity-waterfull600

Се разбира, како што истражувачите истакнаа за време на нивното објавување на резултатите  денес, пред 3,7 милијарди години младата планета Марс исто како Земјата имала геомагнетно поле кое ја заштитувало, факт кој дозволувал водите да течат по неа. Губењето на тоа поле е она што предизвикало верижна реакција што на крајот придонело планетата да се претвори во прашлива, црвена, замрзната површина која ние ја знаеме. „Исклучувањето на магнетното поле е она што дозволило планетата да биде соголена од сончевиот ветар”, истакна Јаковски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1