НАСА му платила 18.000 долари за да лежи 70 дена, но следувал шок


Кога пред две години се појавил оглас на интернет во која американската вселенска агенција НАСА нудела 18 илјади долари на личноста која ќе лежи во кревет 70 дена, Дру Иванички мислел дека тоа е работа од соништата.

Меѓутоа се утврдило дека задачата ниту малку не е пријатна, напротив дури и болна.

nasaexp

Како што пренесуваат странските медиуми, дваесет и осумгодишниот Американец учествувал во експеримент, со кој научниците на НАСА се обидуваат да дознаат како човечкиот организам, особено коските и мускулите реагираат во вселената.

Иванички го започнал експериментот во август минатата година.

-Никогаш не сум лежел во болница, па затоа ова искуство ми беше тотално непознато. Самиот факт дека не смеев да седнам ја правеше целата ситуација поекстремна. Физички беше многу болно – телото не е навикнато да биде исправено толку долго, вели тој.

Бил принуден 70 дена по ред да лежи во кревет чиј долен дел бил подигнат за шест степени за нозете да му бидат повисоко од главата.

Најлошо му било првите неколку дена.

-Имав силна главоболка, ме болеше и половината. Тешко е цело време да се биде во хоризонтална положба бидејќи рбетниот столб лошо го поднесува притисокот на внатрешните органи.

Иванички секоја вечер морал да заспие во 22, а наутро да се буди во 6 часот. Дневна дремка не била дозволена.

Физиолошките потреби, како и капењето ги извршувал во лежечка положба. Јадел во иста положба, а морал да изеде се што имало во чинијата.

За овој експеримент тој добил 17.800 долари, за вкупно 108 дена, во кои било опфатено лежењето во кревет, сите претходни испитувања и времето на подготовки за враќање во нормалниот живот.

На оваа сума тој морал да плати данок од 5 илјади долари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1